Утрински Весник
Свет

Кина најави поддршка за новата нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Gaza.jpg

Кина ја објави својата поддршка за новата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) со која се бара „итен“ прекин на огнот во Газа.

Новата нацрт-резолуција се предлага неколку дена откако Кина, како и Русија, стави вето на американската нацрт-резолуција.

– Кина ја поддржува оваа нацрт-резолуција и ја поздравува напорната работа на Алжир и другите арапски земји во овој поглед – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

– Се надеваме дека Советот за безбедност ќе го одобри што е можно поскоро и ќе испрати силен сигнал за прекин на непријателствата – додаде тој.

Гласањето, кое беше закажано за сабота, беше одложено за денеска за да се избегне нов неуспех.

Можете да прочитате

Средба на Путин и Си Џинпинг на маргините на самитот на ШОС

Санчез: Руси и Израелци ширеа дезинформации за мигрантите во Сеута

Листата на исчезнати во Непал се зголеми на над 4.200 луѓе, стотици работници се заробени во тунели