Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кина лансира уште една ракета кон нивната нова вселенска станица

Кина лансира уште една ракета кон нивната нова вселенска станица
Img 7972

Кина испрати уште едно вселенско летало во вселената со залихи за својата нова вселенска станица.

dobivaj vesti na viber

Ракетата Long March 7 што го носи товарниот вселенски брод Тианжу 5 беше лансирана денес од вселенското пристаниште Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан и успешно се закотви на неодамна завршената вселенска станица Тиангонг два часа подоцна, објави кинеската вселенска програма.

Овој товарен лет е дел од подготовките за историскиот чекор во кинеската вселенска програма: првата промена на екипажот во вселената.

Тројцата астронаути – познати како таиконаути во Кина – се очекува да пристигнат на неодамна завршената вселенска станица до крајот на месецот, каде што ќе им се придружат на нивните колеги Чен Донг, Лиу Јанг и Каи Ксуже.

Сегашниот екипаж треба да се врати на Земјата во декември. Tianzhou 5 е десеттата мисија за изградба и снабдување на вселенската станица.

Вселенската станица Тиангонг ги поткрепува амбициите на Кина да стане вселенска сила и да ги достигне големите вселенски нации, САД и Русија.

Можете да прочитате

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите