Утрински Весник
Свет

Кина избршиша 1,4 милиони објави од Интернет

Кина избршиша 1,4 милиони објави од Интернет

Кинескиот регулатор за сајбер-простор објави дека избришал 1,4 милиони објави на социјалните мрежи по двомесечна истрага, меѓу другото, за ширење дезинформации, незаконска заработка и имитирање на владини функционери.

dobivaj vesti na viber

Кинеската агенција за сајбер простор (CAC) во петокот соопшти дека отстранила 67.000 кориснички профили на социјалните мрежи и избришала стотици илјади објави меѓу 10 март и 22 мај, како дел од пошироката кампања за „корекција“.

Кина прегледува милијарди кориснички профили од 2021 година за да го исчисти сајбер просторот и да им олесни на властите да го контролираат, пишува Ројтерс.

Во последната кампања, беа прегледани профилите на популарни кинески социјални апликации како што се WeChat, Douyin и Weibo.

Од вкупно 67.000 профили што беа укинати, 8.000 се поради „ширење лажни вести, гласини и штетни информации“, соопшти CAC.

Околу 930.000 други беа казнети поблаго – пример, отстранување на сите следбеници.

Во посебна кампања, CAC неодамна затвори над 100.000 профили за кои се тврди дека имитираат медиуми.

Во петокот агенцијата објави дека отстранила и речиси 13.000 лажни воени наредби со имиња како „Команда на Црвената армија“ или „Кинески контратерористички сили“.

Можете да прочитате

Американската војска почнува да ги протерува трансродовите лица

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса

Москва го слави Денот на победата, бројни светски лидери пристигнаа кај Путин