Утрински Весник
Свет

Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

China Flag.jpg

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави дека Кина е подготвена да учествува во мисијата за распоредување на мировен контингент, но под одредени услови.

Според европските дипломати, високи кинески претставници сигнализирале подготвеност за учество „само ако мировните сили бидат распоредени врз основа на мандат на Обединети нации“.


Но, подготвеноста на Кина предизвика загриженост во Брисел. Според неименуван висок дипломат на ЕУ „постои опасност дека Кина првенствено ќе се обиде да шпионира во Украина и отворено да заземе проруски став, а не неутрален во случај на судир“.

Претходно, медиумите објавија дека рускиот претседател Владимир Путин не се спротивставил на безбедносните гаранции за Украина за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп на 15 август и ја споменал Кина како една од можните гаранти.

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја гледа Кина меѓу идните гаранти за безбедноста на неговата земја.

Во меѓувреме, европските претставници наводно разговараат за план за испраќање британски и француски трупи во Украина како дел од мировниот договор, при што околу 10 земји се подготвени да учествуваат во мисијата.

Можете да прочитате

Опозициската партија Тиса ја зголемува предноста пред Фидес пред парламентарните избори во Унгарија

Маж застрелан во Аризона за време на инцидент со гранична патрола

Вашингтон разгледува можен воен удар врз Иран