Утрински Весник
Свет

Кина бара од Иран да помогне во запирањето на нападите од Хутите во Црвеното Море

Cf1869ec 125a 4123 Bc93 9110d660e6d8

Кинеските власти побарале од нивните ирански колеги да помогнат во запирањето на нападите врз бродовите во Црвеното Море од страна на Хутите поддржани од Иран или ризикуваат да им наштетат на деловните односи со Пекинг, изјавија за Ројтерс четири ирански извори и дипломат запознаен со ова прашање. Разговирите за нападите и трговијата меѓу Кина и Иран се одржале на неколку неодамнешни состаноци во Пекинг и Техеран, велат иранските извори за агенцијата, одбивајќи да дадат детали за тоа кога се случиле или кој присуствувал. „Во основа, Кина порачала: ‘Ако на било кој начин се наштетат нашите интереси, тоа ќе влијае на нашиот бизнис со Техеран. Затоа кажете им на Хутите да покажат воздржаност’“,рекол еден ирански функционер информиран за разговорите, кој зборуваше за Ројтерс кој побарал да не биде именуван. Нападите, за кои Хутите велат дека се во поддршка на Палестинците во Газа, ги зголемија трошоците за превозот и осигурувањето и се заканија да ја прекинат клучната трговска рута меѓу Азија и Европа, која нашироко ја користат бродовите од Кина. Кина е најголемиот трговски партнер на Иран во изминатата деценија, но нивните трговски односи се нејасни, пишуваат од Ројтерс. Кинеските рафинерии на нафта, на пример, купија над 90% од иранскиот извоз на сурова нафта минатата година, според податоците за следење на танкерите од фирмата за трговска аналитика Кплер, бидејќи санкциите на САД кон Иран станаа пречка за останатите клиенти со што кинеските фирми направија големи профити од попустите на иранските трговци со нафта.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари