Една трка во Наскар шампионатот годинава ќе вози и Кими Раиконен, поранешниот светски шампион во Формула 1.
Финецот ќе биде дел од проектот 91 на „Trackhouse Racing“, на познатата патека на Америка во Остин на 26 март.
Интересно е што Кими последната победа во Формула 1 ја постигна токму на оваа патека во 2018 година.
Раиконен исто така возеше за истиот тим во Наскар минатата година во „Воткинс Глен Интернационал“, каде беше во Топ 10 додека не се заби во ѕид за време на рестартирањето на трката. Тогаш го повреди зглобот, но сеоак беше воодушевен од трката.
„Тоа беше фантастично искуство. Морав да научам многу за кратко време, но сите беа одлични и многу ми помогнаа. Сега сакам повторно да уживам и, се разбира, да постигнам добар пласман ако е можно“, изјави Раиконен.
Џенсон Батон, уште еден поранешен шампион во Формула 1, вчера го потврди своето учество на три трки од шампионатот Наскар.