Утрински Весник
Свет

Ким: Русија има право на самоодбрана

Kim Jong Un.webp.webp
Dik 300x250 mk

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на вчерашната средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана.

Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел“ па затоа Русија мора нешто да преземе за „непријателските сили да ја платат цената“.

Лидерот на Северна Кореја најави продлабочување на соработката со Русија во сите сфери, вклучително и воената, во согласност со Договорот за стратешко партнерство.

Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) не наведува дали Ким и Белоусов разговарале за севернокорејските трупи кои се борат на страната на Русија во војната против Украина. Според тврдењата на Пентагон и Украина, за Русија се борат околу 11.0000 севернокорејски војници. 

Можете да прочитате

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците

Мадуро бара ракет, Кремљ: Внимателно ја следиме ситуацијата во Венецуела

Пет германски туристи загинале во лавина на Алпите