Утрински Весник
Свет

Киев остана без вода

Киев остана без вода

Во цел Киев дошло до прекин на водоснабдувањето поради исклучување на пумпните станици кои се напојуваат на електрична енергија, соопшти денеска водоводното претпријатие Киевводоканал.

dobivaj vesti na viber

„Поради вонредната ситуација, пумпните станици на Киевскиот воден канал останаа без напојување, поради што нема да има вода на целата територија на Киев. Доводот на пумпните станици ќе биде обновен за еден час , но ќе биде потребно повеќе време за стартување на водоводот“, се наведува во соопштението.

Како што јави ТАСС, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак претходно изјави дека недостигот на електрична енергија во Украина може да трае со недели, а градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека постои можност во случај на подолги прекини на струја , граѓаните на Киев може да останат без греење во текот на зимата.

Во соопштението на Киевводоканал, граѓаните се поканети да складираат вода за домашни и технички потреби, бидејќи подолгите прекини на струја може да предизвикаат долгорочни проблеми во водоснабдувањето,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Катедралата „Нотр Дам“ повторно се отвора денеска: поминаа пет години од разорниот пожар

Шпигел: Германското Министерство за одбрана купува четири подморници за 4,7 милијарди евра