Утрински Весник
Свет

Киев го известил Вашингтон дека планира да го отпушти генерал Залужни

Screenshot 2024 02 03 174149.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинската влада ја известила Белата куќа дека планира да го отпушти командантот на вооружените сили на земјата, генерал Валериј Залужни, објави Ројтерс, повикувајќи се на два, како што се наведува, добро упатени извори, пренесува БТА.

За ова прашање веќе неколку дена се расправа во јавноста, со спротивставени извештаи.

Потегот за смена на Залужни, кој се судри со претседателот Володимир Зеленски околу воената стратегија и други прашања, доаѓа по контраофанзивата минатата година во која Украина успеа да врати само мал дел од нејзината територија окупирана од Русија.

Извор близок до канцеларијата на Зеленски изјавил дека двајцата се во несогласување околу тоа дали да започнат нова кампања за воена мобилизација на половина милион Украинци.

Според цитираниот извор, отказот на Залужни е одложен бидејќи властите се уште не одлучиле кој ќе го замени. САД не се спротивставиле на плановите на Киев.

Белата куќа соопшти дека е суверена работа Украина да донесе сопствена одлука, изјавил вториот извор за Ројтерс.

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур