Утрински Весник
Свет

Киев ја достави својата реакција на мировниот план на Трамп

Usa ukraina.webp.webp

Украина ја формулираше својата реакција на американскиот мировен план и му ја достави на Вашингтон, објави порталот РБЦ-Украина доцна синоќа.

Деталите од украинскиот контрапредлог сè уште не се објавени. Планот што првично го предложи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп беше остро критикуван од многумина како „список на желби“ на Москва, бидејќи суштински ги прифаќа руските барања, наведува германската агенција ДПА.

Според планот, Украина не само што би се откажала од членството во НАТО, туку би го ограничила и обемот на своите вооружени сили и би се повлекла од делови на истокот на земјата кои моментално ги контролира со добро утврдени одбранбени позиции.

За возврат, Москва би се обврзала да се воздржи од понатамошни напади врз соседната држава.

Клучни точки на несогласување се територијалното прашање и безбедносните гаранции за Украина.

Украинското раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски претходно исклучи можност за отстапување територии, а Киев не сака да се потпира исклучиво на ветување од Москва дека нема повторно да интервенира воено.

Можете да прочитате

Објавена книгата на Никола Саркози „Дневникот на еден затвореник“

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“