Утрински Весник
Македонија

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Nasilstvo.jpg

На 21.04.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село.

Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал.


На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и случајот го пријавила.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Повредени малолетнички при пад од електричен тротинет

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патничко и товарно возило

Јаневска: Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост