Утрински Весник
Култура

КИЦ Битола и Народен театар Битола во копродукциска соработка

КИЦ Битола и Народен театар Битола во копродукциска соработка

КИЦ Битола во копродукциска соработка на две претстави со Народен театар Битола.
Една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, под наслов „Божиќна песна“, деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола, соопшти организаторот.
По денешната одиграна премиера, претставата ќе може да се погледне утре и задутре, во 5 следни проекции во Народниот театар, со почеток во 10 часот и 13 часот.
Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културен и информативен центар Битола, со поддршка на општина Битола.
На сцената на Народниот театар Битола, во петок 30.12.2022 година со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна претставата „За нас почнува живот“, на авторот Ѓерг Шпиро, во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, а режијата ја потпишува Дејан Пројковски.
Претставата е во соработка со Културен и информативен центар Битола и општина Битола.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“