Утрински Весник
Скопје

КХС: Висар Ганиу ни должи над седум милиони денари

Komunalna Higiena.png

Висар Ганиу има вкупен долг над 7 милиони денари, кон јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје кој опфаќа неплатени финансиски обврски од страна на општинските институции, вклучувајќи ги и самите општински објекти, основните училишта и градинките кои се во надлежност на општина Чаир.Активностите за чистење и одржување на јавната хигиена на територијата на Општина Чаир се реализираат редовно и согласно Оперативниот план донесен од Советот на Град Скопје. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, со изјави во кои алудира на наводно неизвршување на обврските од страна на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, има за цел да го одвлече вниманието од вистинските проблеми кои сам ги создава.

Ганиу треба сериозно да се занимава со долгот од 7 милиони демари што Општина Чаир го има кон ЈП Комунална хигиена Скопје, кој се акумулира од моментот кога тој е носител на функцијата градоначалник на Чаир.


Општина Чаир е континуирано и институционално информирана за постоењето на овој долг, но досега не презела конкретни чекори за негово подмирување. Иако тој не ги подмирува своите обврски со години истото не ја спречува нашата работа, но директно влијае врз одржливоста и квалитетот на услугите кои ги нудиме на граѓаните.
Посебно нагласуваме дека од сите општини во Градот Скопје, само Општина Чаир има толкав долг кон нашето претпријатие.

ЈП Комунална хигиена Скопје продолжува со посветеност и професионализам да ги извршува своите обврски, но бара од Општина Чаир да ја преземе одговорноста која ѝ припаѓа во однос на јавните услуги и финансиските обврски, бидејќи тоа претставува предуслов за обезбедување на квалитетна и одржлива услуга за нејзините граѓани.

Сабахудин Рустеми директор
ЈП Комунална хигиена Скопје

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа во Скопје – се судрија автомобил и мотоцикл

Двајца мртви во страотна сообраќајка во Скопје

(Видео) Арсовска пак на терен: Обвинува за екоцид во општина Аеродром