Утрински Весник
Магазин

Кевин Спејси немаше добри намери, вели тужителот пред судот во Лондон

Кевин Спејси немаше добри намери, вели тужителот пред судот во Лондон

Лондонскиот суд во понеделникот го слушна сведочењето на наводната жртва на сексуален напад на Кевин Спејси.

dobivaj vesti na viber

На поротниците во судот во Саутворк им беше прикажана снимка од полициски разговор во кој човекот, кој не може да биде именуван од правни причини, вели дека Спејси се обидувал да го подготви и наведе на сексуален однос. Тој додава дека се чувствувал физички лошо поради повторените напади со пипкање.

На Спејси му се суди за сексуални престапи извршени врз четворица мажи, тогаш на возраст во своите 20-ти и 30-ти, а кои наводно се случиле помеѓу 2001 и 2013 година.

63-годишниот Американец се изјасни невин по десетина точки од обвинението, вклучително и за сексуален напад и поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.

Обвинителството го опиша Спејси како сексуален насилник.

Оскаровецот ги отфрли сите обвинувања. „Поротата ќе слуша проклети лаги,“ изјави неговиот адвокат Патрик Гибс на почетокот на судењето минатата недела.

А во понеделникот, на поротниците им беше прикажан снимен полициски разговор со првата од наводните жртви. Во разговорот, човекот вели дека актерот го нападнал во 12 наврати во период од четири години во раните 2000-ти, допирајќи ги неговите интимни делови кога биле сами, како на пример во автомобил или лифт.

Три недели откако се запознал со Спејси, актерот му ветувал дека ќе го запознае со ѕвезди од т.н. А-листа. Актерот ги триел нозете и вратот на младиот човек додека возел, за подоцна да почне да го пипка или да ја присилува неговата рака на своите гениталии.

„Од самиот почеток, тој ме подготвуваше,“ изјави наводната жртва, која не може да се идентификува.

Понатаму тој откри дека во една прилика во 2004 година актерот агресивно го зграпчил за меѓуножјето кога го возел на забава организирана од пејачот Елтон Џон. Толку многу се исплашил, што за малку ќе направил сообраќајна несреќа. Тужителот му се заканил на Спејси дека ќе го нокаутира ако го направи тоа повторно, на што Спејси одговорил со шега.

Тој го опиша оскаровецот како тешка личност и прилично збунет во врска со својата сексуалност. „Однесувањето на Спејси е јавна тајна во лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што работеше повеќе од една деценија.“

Сведочејќи лично во судницата зад параван, човекот рече дека се чувствува шокиран и засрамен поради тоа што му се случило и, дека нападите му предизвикале физичка болка.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста