Утрински Весник
Магазин

Кевин Спејси доби улога во британски филм

Кевин Спејси доби улога во британски филм

Посрамотениот актер Кевин Спејси, кој следното лето треба да се појави на суд во Британија поради повеќе тужби за сексуален напад, ќе има само гласовна улога во трилерот „Контрола“, како главен антагонист.

dobivaj vesti na viber

Филмот го напиша и го режира Џин Фалејз, а ја следи британската министерка за внатрешни работи (Лорен Меткалф) како една ноќ се вози дома додека се впушта во тајна љубовна врска со премиерот (Марк Хемптон).

Во меѓувреме, друг маж – кој го глуми Спејси – ја дознава нејзината тајна и се чувствува многу погоден. Тој сака да се одмазди и планира киднапирање од далечина со нејзиниот самоуправувачки автомобил, принудувајќи ја на брзо возење низ улиците на Лондон користејќи го автомобилот во кој е заробена како смртоносно оружје.

Адам Саутвик и Емили Хаселдин ќе го продуцираат филмот за  Cupsogue Pictures во соработка со студиото CineNorth.

Веста доаѓа само две недели откако лондонското обвинителство соопшти дека Спејси сега се соочува со дополнителни седум обвиненија за сексуален прекршок во Велика Британија, со што вкупниот број се искачи на 12.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес