Утрински Весник
Магазин

Кевин Костнер и сопругата ставија крај на 18-годишниот брак

Кевин Костнер и сопругата ставија крај на 18-годишниот брак
Dik 300x250 mk

Кевин Костнер и неговата втора сопруга Кристин Костнер се разделија по 18 години брак.

dobivaj vesti na viber

Сопругата на актерот од „Јелоустоун“ – со кого ги има Кејден (15), Хејс (14) и 12-годишната Грејс – ги наведе непомирливите разлики како причина за нивната разделба по речиси две децении заедно, пишува „ТМЗ“.

Истиот извор тврди дека Кристин во понеделникот (1 мај) ги предала своите документи во судот во округот Санта Барбара.

Претставник на Костнер рекол дека околностите надвор од негова контрола допринеле до раскинување на бракот.

„Бараме да се почитува неговата, на Кристин и приватноста на нивните деца додека поминуваат низ овој тежок период,“ изјавил претставникот.

Двајцата поднеле барање за заедничко старателство над нивните три деца.

Кевин и Кристин првпат се сретнаа во 80-тите додека Костнер беше во брак со својата прва сопруга Синди Костнер, со која има три деца.

Оскаровецот има и син Лијам (27) со поранешната партнерка Бриџит Руни.

Можете да прочитате

Што откриваат ладните дланки и стапала за вашето здравје

Есенска детоксикација: Подгответе го телото за студените месеци со природно прочистување

Го знаете ли овој трик? Како бананите да останат свежи и да не потемнат