Утрински Весник
Магазин

Кетрин Зета-Џонс сподели фотографија покрај базен

Кетрин Зета-Џонс сподели фотографија покрај базен

Кетрин Зета-Џонс им покажа на пријателите како ужива во летниот одмор.

dobivaj vesti na viber

Велшката актерка на својата „Инстаграм-приказна“ сподели фотографија покрај базен.

53-годишната Кетрин го впива сонцето на лежалка, нозете ги става во преден план, а на фотографијата напиша: „Две пеги на бутовите, кои ги имам целиот мој живот“.

Инаку, една од најубавите актерки на светот летните денови најчесто ги поминува во својот дом на Бахамите во друштво на 75-годишниот сопруг Мајкл Даглас.

Кетрин и Мајкл се во брак 23 години и имаат две деца, 23-годишниот Дилан Мајкл и 20-годишната Керис Зета, со која позираа на годинешниот Филмски фестивал во Кан.

Можете да прочитате

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот