Утрински Весник
Свет

Кетрин Коноли положи заклетва како претседател на Ирска

20251111184015 big 730x400 47.webp.webp

Кетрин Коноли денеска положи заклетва како 10 претседателка на Ирска.

Таа на инаугурација најави дека ќе промовира обединување на Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.


Коноли се осврна и на воената неутралност на Ирска, која е партнер, но не и членка на НАТО. Според неа ирската неутралност значи дека земјата е „добро позиционирана да формулира и води алтернативни дипломатски решенија за конфликти и војни“.

Коноли вети дека ќе го прогласи ирскиот за официјален јазик на земјата, иако не е широко користен во секојдневниот живот. Исто така најави дека ирскиот јазик ќе биде примарен во претседателската резиденција.

Коноли беше избрана на 25 октомври со 63 проценти од гласовите, победувајќи ги Хедер Хамфрис и Џим Гевин.

Таа доби поддршка од главните опозициски партии, меѓу кои и Зелените и националистичката партија Шин Фејн.

Според аналитичарите, иако претседателот има само ограничена политичка улога, цврстите ставови на левичарката Коноли за надворешната политика, одбраната и домувањето би можеле да доведат до тензии меѓу претседателството и Владата.

Можете да прочитате

Иран: Разбивме шпионска мрежа водена од Израел и САД

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ вплови во водите на Латинска Америка

Британската влада планира постепено да го укине тестирањето врз животни