Утрински Весник
Спорт

Кеси за 22 милиона евра се сели во Фулам

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Френк Кеси, кој како големо засилување пристигна на „Камп ноу“, по само шест месеци, ќе ја напушти Барселона. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не е задоволен од довербата што ја добива од тренерот Чави.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот играч на Милан пред еден месец јавно изјави дека сака да го напушти клубот доколку не се смени неговиот статус. Бидејќи тоа не се случи, Барселона реши да му ја исполни желбата, ќе го пушти да замине.

Кеси е резерва кај Чави, предност во редот за врска имаат Бускетс, Де Јонг, Педри и Гави.

Наводно неговиот поранешен клуб Милан и Јувентус покажале интерес за него. Јуве нема опција да донесе играч кој нема пасош на ЕУ, а Милан има други планови.

Според шпанските медиуми, Фулам испратил понуда за Кеси. Клубот од „Крејвен Котиџ“ за Кеси понудил 22.000.000 евра. Наводно, покрај Фулам, за Кеси има интерес и кај Астон Вила.

Каде и да заврши Кеси, Барселона ќе заработи од неговиот трансфер бидејќи во јули тој пристигна во клубот како слободен играч.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер