Утрински Весник
Магазин

Кери Вашингтон и Шарлиз Терон заблескаа на настан во Лос Анџелес

Кери Вашингтон и Шарлиз Терон заблескаа на настан во Лос Анџелес

Кери Вашингтон и Шарлиз Терон ги предводеа гламурозните пристигнувања на премиерата на „Училиштето за добро и зло“ (The School for Good and Evil) во Лос Анџелес во вторникот.

dobivaj vesti na viber

Вашингтон воодушеви во лелеаво макси здолниште што се влече зад неа додека чекори по црвениот тепих.

Впечатливиот изглед на ѕвездата на „Скандал“ (45) ги привлече погледите на присутните.

И Терон ги покаже своите затегнати нозе во макси здолниште со шлиц до бутовите.

Базиран на истоимениот роман на Соман Чаинани од 2013 година, „Училиште за добро и зло“ е филм фантастика во режија на Пол Феиг. Во гратчето Гавалдон на секои четири години киднапираат две деца на возраст од 12 и повеќе години и се носат во т.н. училиште за добро и зло. Тоа е маѓепсано училиште каде хероите и негативците се обучуваат да ја заштитат рамнотежата помеѓу доброто и злото.

Можете да прочитате

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра