Утрински Весник
Македонија

Кекеновски: Зошто уставните судии не ја зборуваат вистината?

471379948 3083536781809721 6792668070352454166 N.jpg

ЗОШТО УСТАВНИТЕ СУДИИ НЕ ЈА ЗБОРУВААТ ВИСТИНАТА?

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски како и уставната судијка Елизабета Дуковска како судија известител во предметот за Законот за употреба на јазиците на прашањето зошто е потребна дополнителна подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците кога веќе таква е одржана во 2021 година неодамна јавно изјавија дека се работи за личен предлог на судијата известител за кој гласале честворица други уставни судии. Целта и причнините за одржување на ваква дополнителна седница на Уставнито суд според нив двајцата се:


1. да се спречат обидите за политизација и етнизација на судот и да се уверат граѓаните за нивната непристрасност, а дополнително според Претседателот на судот се и следниве други две прични:

2. дека првата подготвителната седница што се одржала во 2021 година била само за аспектот на објавување на Законот без потпис од претседателот и

3. што на неа од актуелниот состав на Уставен суд присустувал само сегашниот претседател Костадиновски со оглед дека останатите судии тогаш се уште не биле избрани.

Жалам што морам јавно да кажам дека од трите наведени прични две се апсолутни невистини, но и третата (во наведниов случај првата наброена по ред ) е блиску до апсолутна невистина:

Ќе се обидам на кратко да го докажам ова моето тврдење со неколку факти, а потоа нека цени јавноста и стручната фела:

Прва невистина: На 18-03-2021 година Уставниот суд на Република Македонија одржа подготвителна седница на која се расправање за две разлини поднесени иницијативи од повеќе подносители со кои се оспорија уставноста на:

1. Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на

2. Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и на содржината постапката на донесување на ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ.

Значи на оваа подготвителна седница покрај погоре наведената точкна бр 1 на дневен ред на Уставниот суд беше односно се расправаше и по точката бр 2 . Што значи дека на седницата не се расправаше само за Указот за прогласување на Законот за јазиците без потпис на претседателот на државата бидејќи тоа е само еден сериозен неуставен аспект и елемент во дел од поднесените иницијативи, туку се расправаше односно се анализира и елаборираа сите други неуставни елементи содржани во законот како од аспект на процесот на негово донесување (немање на потребното двојно 2/3 мнозинство на гласови, самоволно отфрлање на поднесените амандмани на законот од страна на Претседателот на Собранието, на не запазување на роковите помеѓу второто и третото читање при донесување на законот и др.) но исто така се расправаше и од аспект на други неуставни одредби од самата содржина на Законот за употреба на јазиците. Така што воопшто не ,,пие вода’’ бенигното и манипулативно образложение на претседателот на Уставен суд за причините за одржување на нова подготвителна седница.

Втора невистина: На подготвителната седница според зборовите на Претседателот на Уставен суд од сегашниот состав на Уставниот суд присуствувал само тој, додека другите (се мисли на дел од сегашниве) судии не биле избрани. Што е нотрона невистина и затоа сакам во оваа прилика сакам да му го освежам сеќавањето на претседателот дека на таа седница покрај него присуствуваа и уставните судии: Добрила Кацарска која е избрана за уставен судија на 26.11.2020 година; судијата Осман Кадриу кој е уставен судија избран на 11.01.2018 година и судијата Насер Хајдари – избран на 05 март 2018 година; а додека четворица од тогаш присутните на седницата сега се веќе заминати во пензија, а тогашниот претседател доколку добро ме држи меморијата сега се занимава со политика.

Што се однесува до известителот Елизабета Дуковска и уставниот судија Фатмир Скендери кои се избрани некаде кон средината на 2022 година и досега имале обврска и време добро да се запознаат со содржината на Иницијативата, а не судијата известител да ги доведува во ситуација и судиите и јавноста да побаруваат одржување на нова подготвителна седница каде други ќе треба им кажуваат или да ги подучуваат што е уставно, а што притивуставно или пак да бараат алиби за она што следи потоа. Чинам и тврдам дека Уставниот суд не е место каде уставните судии допрва треба да учат или пак да сублимираат туѓи ставови и размисли наместо да презентираат и искажувуваат свои. Се учи и се надградува на друго место и во друго време. Уставен судија е многу висока функција и таа неминовно бара многу поголемо знаење од формулираната уставна флоскула ,,истакнат правник”

Инаку за да работите бидат уште појасни на таа прва подготвителна седница седница покрај мене присуствуваа и претседателот на Левица Димитар Апсисев, поранешниот пратеник Тодор Петров во име на Светскиот семакедонски конгрес, претставник на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Ефремов, Томе Тодоровски, Ангелевски Стив како и повеќе други иницијатори (нека ми извинат што не им ги паметам имињата) и секој од свој аспект пред присутните уставни судии ги наведуваа и образлагаа причните за поднесените иницијативи. Доказ: Фотографиите подолу како и изјави за медиуми на присутните поднесувачи н Иницијативите на седницата

П.С. На крајот да ја образложам зошто и првата наведена причина од страна на Костадиновски и Дуковска е блуску до апсолутната невистина е затоа што доколку уставните судии беа на висина на задачата, доколку храбро и со знаење се фатеа во костец со овој проблем, доколку во Уставниот суд се предлагаа и избираа експерти наместо партиски послушници и пријатели немаше да има имаме ни ,,П од политизација и партизација’’ ни ,,Е од етнизација’ а граѓаните берзезервно ќе и веруваа на оваа институција. Ќе немавме судии кои нема да присуствуваат на јавна седница на судот поради партиски или политички причини, а борбата за владеење на правото и доследната примена на Уставот и законите дополнително ке не обединеа.

Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Можете да прочитате

Уметници од Новогодишниот концерт во Скопје останаа без хонорари, се подготвуваат тужби

Никола Пановски доживеал хорор: Паднал од велосипед пред возило џип – за малку да ме прегазеше

Традиционален концерт по повод Василица 2025 на 11 и 13 јануари во Националната опера и Балет