Универзитетскиот професор Јове Кекеновски на социјалните мрежи реагира на спогодбата на членот на Судски совет Иџет Меџити со Јавното обвинителство, за случајот со судијата Наќе Ѓоргиев.
„Иџет Мемети поранешен Народен правобранител и член на Советот на Јавни обвинители два месеци не убедуваше дека не земал мито заедно со поранешниот врховниот судија Наке Георгиев.
Истиот тој вчера потпишал спогодба со обвинителството со кое признал дека земал мито и добил само условна казна. Значи по којзнае кој пат пораката до јавноста е: ,,Земај, грабај колку можеш повеќе додека си на позиција, а ако те фатат ке се спогодиш со обвинителот, ке добиеш најмала можна казна и потоа слободно замини си во пензија”. За воља на вистината малкумина од нив заминаа во пензија бидејќи благодарение на функцијата и сторениот (неказнет или благо казнет) арамилак од голтари преку мок станаа големи бизнисмени.
Ова ли е правда?. Практиката на неказнивост продолжува и понатаму. До кога? Нели сте свесни дека политичарите во спрега со судиите и обвинителите не ,,оголија’ до гола кожа, не уништија и материјално и духовно“ пишува Кекеновски.
Секојдневно ни ја рушат надежта дека на овој простор некогаш ке има правда.
Доста беше чекање. Потребен е итен и длабок рез.