Утрински Весник
Свет

Кејти Пери ќе лета во вселената со уште пет жени со ракетата на Џеф Безос

Keti.jpg

Поп-ѕвездата Кејти Пери ќе биде дел од целосно женски екипаж кој ќе лета во вселената со ракетата на „Блу ориџин“ на Џеф Безос. Покрај неа, на летот ќе бидат и свршеницата на Безос, Лорен Санчез, ТВ-водителката Гејл Кинг, поранешната ракетна научничка на НАСА Ајша Боув, активистката за граѓански права Аманда Нгујен и филмската продуцентка Кериен Флин.

„Блу ориџин“ вели дека ова ќе биде првиот целосно женски лет во вселената од соло мисијата на Валентина Терешкова во 1963 година.


Засега нема точен датум на летот, но од компанијата кажаа дека ќе биде напролет. Пери тргнува на светска турнеја на 23 април, па летот би требало да се случи пред тоа.

Ако некој ми кажеше дека ќе бидам дел од првата целосно женска екипа во вселената, ќе поверував. Ништо не беше надвор од мојата имагинација како дете“, рече Пери.

Летовите на ракетата „Њу шепард“ вообичаено траат 11 минути и се целосно автономни, односно во неа нема пилоти.

Можете да прочитате

Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Се скараа Трамп и Зеленски, заедничката прес-конференција е откажана