Утрински Весник
Македонија

Казни за 230 возачи во Скопје, 68 за брзо возење

Казни за 230 возачи во Скопје, 68 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 230 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 68 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Мицкоски: И Западот не е тоа што беше, очекувам младите да се вратат дома

Бугарската министерка: Ги убедивме европските партнери да ја прифатат нашата позиција, Скопје сега нема политичка волја за ЕУ

Уапсен возач од Шведска, кај Демир Капија возел 175 км/ч при ограничување од 80 км/ч