Утрински Весник
Македонија

Казни за 139 возачи во Скопје, 36 за брзо возење

442 казни за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 139 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле и три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните