Утрински Весник
Свет

Казна за Орбан: ЕК препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра за Унгарија

Европската комисија денеска му препорача на Брисел да суспендира околу 7,5 милијарди евра наменети за Унгарија, поради загриженоста за назадување на демократијата и можна корупција во управувањето со парите на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан објави дека и покрај мерките предложени од Унгарија за отстранување на овие недостатоци, Европската комисија препорачува суспензија на средствата „проценети на 7,5 милијарди евра“, пренесува АП.

Хан изјави дека Унгарија има рок до утре (19 ноември) да ги реши горенаведените неправилности, а секое суспендирање на средствата мора да биде одобрено од земјите-членки на ЕУ со квалификувано мнозинство, што подразбира согласност од 55 проценти од земјите, односно 15 од 27-те членки на ЕУ, со услов тоа да претставува 65 проценти од населението на Унијата.

Европската комисија го обвинува унгарскиот премиер Виктор Орбан за колапс на демократските институции, преземање контрола врз медиумите и кршење на правата на малцинствата. Орбан ги негира обвинувањата на Брисел.

Можете да прочитате

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди 

Европа со јасна порака до Трамп: Сам реши го проблем, ова не е наша војна

Повеќе од 30 часа траел пожарот на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“