Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец ја наведувал на проституција својата малолетна девојка

Кавадарчанец ја наведувал на проституција својата малолетна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција својата малолетна девојка, така што преку нејзиниот профил на „Инстаграм“ до кој имал пристап пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица.

Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците, надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Синот на Мицкоски матурант: Премиерот јавно му честиташе

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани