Утрински Весник
Македонија

Катерина Димитровска ја презема пратеничката функција по оставката на Марија Митева

439019119 10228482604963179 5726417121762787179 N.jpg
Dik 300x250 mk

Катерина Димитровска од Изборната единица 1, на листата за пратеници на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е новата пратеничка во Собранието. На денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, соопшти дека Димитровска го прифатила мандатот и ќе го пополни испразнетото место во законодавниот дом.

Димитровска ја заменува Марија Митева, која неодамна поднесе оставка на функцијата пратеник и беше назначена за нов портпарол на Владата.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат