Утрински Весник
Македонија

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

Ivan Zivkovski Katastar 800x533 1.jpg

На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.

Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Дополнително, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација.

Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.

Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните.

„Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните,“ истакна Живковски на прес-конференцијата.

Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ