Утрински Весник
Свет

Катар ослободи осум Индијци, откако претходно им беа укинати смртните казни

20240212074752 Big 730x400 29.webp.webp

Катар ослободи осум поранешни индиски поморски офицери откако им ја укина смртната казна, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи, заблагодарувајќи му се на катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани за одлуката донесена 18 месеци по апсењето на Индијците, што ги влоши дипломатските односи меѓу двете земји.

Мажите беа обвинети и осудени за шпионирање за Израел, иако Индија и Катар официјално не го потврдија тоа. Смртната казна беше изречена во октомври, но беше поништена во декември.

Индија соопшти дека офицерите се вратиле во земјата, а некои од нив рекоа дека се ослободени по „лична интервенција“ на премиерот Нарендра Моди.

Њу Делхи беше во преговори со Катар неколку месеци откако мажите беа уапсени во август 2022 година. Уапсените работеле на проект за подморница за приватна компанија кога катарските власти ги уапсиле.

Информацијата дојде неколку дена откако катарски и индиски фирми го потпишаа најголемиот меѓусебен договор за снабдување со течен природен гас од Катар, по состанокот меѓу Моди и емирот Ал-Тани на маргините на самитот КОП28 во декември во Дубаи.

Во Катар живеат и работат повеќе од 800. 000 Индијци. 

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж