Утрински Весник
Свет

Катар објави дека е постигнат договор меѓу Израел и Хамас за влез на лекови и помош во Газа

Gaza 1 1536x1024

Израел и Хамас постигнаа договор да дозволат испорака на лекови до израелските заробеници кои се држат во Појасот Газа и да се транспортира помош до жителите на опколената палестинска територија, објави Катар.

Договорот предвидува доставување хуманитарна помош до цивилите во „најпогодените и најранливите области“ во Газа во замена за испорака на лекови за израелските заробеници кои ги држат Хамас, групата која управува со Газа, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Катар.

Портпаролот на Министерството, Маџед ал-Ансари, рече дека лековите и помошта ќе заминат од Доха во среда за египетскиот град Ел Ариш како подготовка за нивна испорака во Појасот Газа.

Тој рече дека договорот е посредуван од Катар во соработка со Франција.

Претходно во вторникот, Белата куќа соопшти дека американскиот пратеник за Блискиот Исток Брет МекГурк во последните денови бил во Доха и разговарал за можен договор за ослободување на заробениците.

Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби им рече на новинарите дека МекГурк бил вклучен во „многу сериозни и интензивни разговори“ со Катарците за друг договор.

„Се надеваме дека наскоро ќе вроди со плод“, рече тој.

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна