Утрински Весник
Економија

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

20251006102424 big 730x400 20.webp.webp

Префрлени се парични средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој кажа дека исплатата следи по седумдневните протести од вработените на „Флораком“ и „Луна“, а денеска вработените одржале краток протест од 8:30 до 9:30 часот без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.


Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Тој, воедно изрази благодарност до ЈП „Водовод и канализација“ кои префрлиле средства на ЈП „Паркови и зеленило“, од кои потоа се исплатени платите на вработените од „Флораком“ и „Луна“. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот

Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан

Кузеска: 700 милиони евра нов долг, дилетантот Мицкоски ја турка државата во финансиска бездна