Утрински Весник
Македонија

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Kasami.jpg

Претседателот на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција „Влен“, Биљал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Посочува дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени.

-Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија, рече тој.

Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“.

Можете да прочитате

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари