Утрински Весник
Спорт

Кариерата му се претвори во кошмар – Деле Али се враќа во Евертон

Кариерата му се претвори во кошмар – Деле Али се враќа во Евертон

Деле Али (26) ќе ја заврши позајмицата во Бешикташ и ќе се врати во Евертон по повредата, објави „Скај спорт“, додавајќи дека нема да има право да игра за клубот од Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Англискиот напаѓач дојде на позајмица во турскиот клуб во август 2022 година за да ја оживее кариерата. Не само што не успеа, туку мина низ уште еден турбулентен период во кариерата.

На 15 натпревари за Бешикташ постигна само два и забележа една асистенција. Навивачите го исвиркаа на крајот на декември, кога тој ја напушти играта во 29. минута, а неколку дена подоцна управата на турскиот клуб сакаше да ја прекине позајмицата и да го врати во Англија. Сепак, тоа не се случи бидејќи, според „Скај спорт“, немало клаузула за предвремен раскин во договорот.

Турскиот медиум „Таквим“, дури напиша дека тренерот Шенол Ѓунеш го исфрлил од тимот, додека во март се неколку денови клубот не знаеше каде се наоѓа. Ѓунеш на прес-конференцијата рече дека на Али му дале неколку слободни денови, но тој не се вратил. Подоцна фудбалерот на „Инстаграм“, објасни дека добил слободни денови за да се консултира со доктор околу повредата.

Додека играше за Тотенхем пред четири години, Али важеше за најдобар млад играч во Англија и еден од најдобрите во Европа. Тогаш неговата цена на „Трансфермаркт“ изнесуваше до 100 милиони евра.

Има 37 настапи за англиската репрезентација со која беше на Светското првенство во 2018 година. Неговата кариера веќе подолго време се движи по надолна патека, а сега според „Трансфермаркт“ вреди 11 милиони евра.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари