Утрински Весник
Македонија

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодоговрно

Fanikaransdsm1.jpeg

Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност. Одбивањето на Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Клик плус”, на Телевизија 21.

Каранфилова Пановска нагласи дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.

-Повикот на лидерот Филипче за средба на лидерите на политичките партии беше во насока на тоа дека ситуацијата е серизона и дека може да ескалира. Се уште сметаме дека е многу важно, сите лидери на политичките партии да седнат на маса и да видат со што реално се соочуваме, кои се ризиците, да повикаме да се смират страстите. Важно е лидерите на сите политички партии да излезат пред граѓаните и да ги уверат дека треба да бидат спокојни и дека треба да живееме безбедно, истакна Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката на СДСМ Каранфилова Пановска нагласи дека суштината треба да биде поважна од формата за одржување на лидерска средба.

Каранфилова Пановска најави дека денеска ќе биде соопштен ставот на СДСМ во врска со поднесената интерпелација на Министерот за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи