Утрински Весник
Македонија

Карамбол во Тетово – удрил во паркирани автомобили, повредени возачот и 19 годишен сопатник

Lenta Policija 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца повредени во сообраќајна несреќа која се случила во Тетово кога возач на автомобил со тетовски регистарски таблички удрил во три паркирани автомобили.

„ На 13.06.2024 во 07.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на ул.„Илинденска“ со ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(30) од Тетово, удрило во паркирани патнички моторни возила: „форд“ со тетовски регистарски ознаки, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.“ се вели во соопштението на МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Љ.А.(19) од тетовско Гајре, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Можете да прочитате

Николоски: Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка за еден народ

Беќаровски со совети како да се намали штетното влијание од загадениот воздух

Обвинителството истражува татко и син од Богородица за трговија со марихуана