Утрински Весник
Економија

Каракашев: Националната мрежа на земјоделци бара да се направи производна цена за пченицата

Vreme.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Националната мрежа на земјоделци бара Земјоделскиот институт да направи калкулација за нова производна цена за пченицата, пред самиот старт на жетвата. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека единствено така земјоделците нема да работат со загуба, како што било пракса низ годините. 

За оваа година се очекуваа подобри и поголеми приноси на пченицата и јачменот.

– Врз основа на производната цена мора да се договараме со откупувачите. Нема да дозволиме да биде стихиен откуп. Моментално сѐ уште немаме официјално почнато со откуп и жетва, меѓутоа, последните информации од терен говорат дека се движат од 8 до 10 денари и не ги одразува производните трошоци и земјоделците работат со загуба, додава Каракашев.

Посочува дека лани производството на еден килограм пченица, производителите ги чинеше 19, а откупувачите им ја откупуваа за 10 денари по килограм.

Каракашев истакнува дека токму тоа е и причина за годинава да има помалку површини под житни култури, а тоа најмногу може да се забележи во Штипскиот и Овчеполски регион. Затоа и недостатокот од житни култури станува глобален проблем. На светските берзи, пченицата го достигнала својот максимум и деновиве се продавала по цена од 27 денари.

 – Сите анализи покажуват дека во светот поради климатските промени и елементарни непогоди, имаме драстично намалување на жетвата и се очекува оваа година да има голем дефицит на житарици. Побарувањата ќе бидат големи и се очекува да расте и откупната цена, смета Каракашев.

Следната недела се очекува средба на Националната мрежа на земјоделци со Земјоделскиот институт.

Во земјава во просек се произведуваат околу 250.000 тони пченица. Овие приноси не се доволни, па за да се покријат основните потреби на населението, пченица се увезува од странство.

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси