Утрински Весник
Спорт

Кандрева и Салернитана го шокираа Лацио на „Олимпико“

Кандрева и Салернитана го шокираа Лацио на „Олимпико“

Лацио доживеа шокантен 1:3 пораз од Салернитана во 13. коло во Серија А во интересен дуел во кој „лацијалите“ беа поразени од клубот со кој до минатата година имаа заеднички сопственик. Клаудио Лотито, долгогодишниот претседател на Лацио, мораше да го продаде тимот на Салернитана на крајот на 2021 година поради правилата во италијанската лига за клубови во сопственост на исто семејство.

dobivaj vesti na viber

Лацио први дојдоа во водстсво со голот на Матија Ѕакањи во 41. минута, резултат кој со кој се отиде на пауза. Второто полувреме, целосн им припадна на гостите. Ветеранот Антонио Кандрева израмни на 1:1 во 52. минута со прекрасен гол, пред Федерико Фацио да го комплетира пресвртот во 68. минута, а Булаје Диа да ги постави конечните 1:3 во 76. минута.

Со само вториот пораз оваа сезона, тимот на Маурицио Сари останува на четвртото место со 24 поени, сега осум поени зад лидерите Наполи. Салернитана со третата победа во последните четири меча се искачува на 9. место на табелата со 16 поени.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет