Утрински Весник
Магазин

Кандидатите за „Оскар“ се дружеа на ручек

Кандидатите за „Оскар“ се дружеа на ручек

Том Круз се појави на црвениот тепих за првпат по осум месеци за да присуствува на 95. годишен ручек за номинирани за „Оскар“.

dobivaj vesti na viber

Традиционалниот настан се одржа во хотелот „Беверли Хилтон“, Беверли Хилс, во понеделникот.

Ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ беше таму за да го поддржи блокбастерот од 2022 година, кој доби неколку номинации за „Оскар“, вклучително и за најдобар филм.

Поранешниот сопруг на Никол Кидман и на Кејти Холмс изгледа поинаку на попладневниот настан, со подолга коса и исончан тен.

По многу месеци, холивудскиот актер – кој наводно ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс – позира на црвениот тепих. Последен пат беше во јуни 2022 година на премиерата на Top Gun: Maverick во Сеул, Јужна Кореја.

На настанот присуствуваа и номинираните Џејми Ли Кертис за Everything Everywhere All At Once и Мишел Вилијамс за The Fabelmans.

Како и секоја година, така и оваа, сите номинирани  застанаа заедно на сцената во хотелот „Беверли Хилтон“ за да се фотографираат за традиционалната фотографија.

Во текот на настанот кандидатите добија совети за тоа што треба да прават на претстојната церемонија, и им беа доделени сертификати за нивната номинација.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста