Утрински Весник
Свет

Канадскиот премиер: Ќе го уапсам Нетанјаху ако дојде во Канада

Mark karni 2.jpg
Dik 300x250 mk

Израел го повика канадскиот премиер Марк Карни повторно да го разгледа своето ветување дека ќе ја почитува потерницата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за премиерот Бенјамин Нетанјаху ако дојде во Канада.

Блумберг минатата недела објави интервју со Карни во кое беше прашан дали ќе го исполни ветувањето на неговиот претходник Џастин Трудо за апсење на Нетанјаху по обвинението за воени злосторства доколку дојде во Канада, на што Карни рече дека ќе го стори тоа.


„Веруваме дека премиерот Карни, секако, треба повторно да го разгледа ова и да го поздрави премиерот Нетанјаху, лидерот на единствената еврејска држава и демократска земја на Блискиот Исток доколку допатува во Канада“, изјави портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан.

МКС минатата година издаде потерница за Нетанјаху за воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа. 

Израел ја отфрла надлежноста на судот во Хаг и ги негира воените злосторства во Газа.

Бедросијан рече дека одлуката на Канада да признае палестинска држава е „награда за тероризмот“ и „само додава масло на антисемитскиот оган во Канада“.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин