Утрински Весник
Свет

Канадски готвач продавал отров преку пошта: Поврзан со најмалку 7 смртни случаи

Канадски готвач продавал отров преку пошта: Поврзан со најмалку 7 смртни случаи

Канадскиот готвач Кенет Ло е обвинет за помагање во самоубиство, откако истрагата на британскиот „Тајмс“ ја поврза неговата продажба на отров со низа смртни случаи, вклучително и четири во Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Ло, кој според медиумот продавал смртоносна супстанција преку пошта, бил уапсен во вторникот во Мисисага, Онтарио, во врска со две смртни случаи во таа канадска провинција, пишува весникот.

Полицијата соопшти дека по едномесечна истрага против него е поднесена кривична пријава по две точки: советување или помагање во самоубиство.

Марк Ендрјус, заменик началник на полицијата на Пил, рече дека 1.200 пакети за кои се верува дека се поврзани со компании поврзани со Ло биле испорачани во повеќе од 40 земји.

Ендрјус додаде дека иследниците работат со повеќе агенции за спроведување на законот низ Онтарио, на национално и на меѓународно ниво, бидејќи веруваат дека може да има повеќе жртви.

„Тајмс“ минатата недела откри дека Ло (57), поранешен инженер, го продавал отровот на млади мажи и жени во Велика Британија.

Истрагата според весникот го поврзува лицето со седум смртни случаи, вклучително и четири во ОК.

Можете да прочитате

„Најлошото што сум го видел“: Фоторепортери на Ројтерс за пожарите во Лос Анџелес

Руското МНР за новите санкции: Непријателските акции на САД нема да останат без одговор

Поранешниот австриски канцелар, Карл Нехамер, се повлекува од политиката