Канадската фудбалска федерација (ЦС), се закани со тужба вредна милиони долари кон нивнатаа женска репрезентација за да осигура тие да го одиграат мечот против САД од Ши биливс купот.
Ова доаѓа откако федерацијата најави кратење на средства во женската репрезентација, на што тие одговорија со штрајк, нешто што федерацијата го оцени како „незаконски“ прекин на работа.
„Ни кажаа дека ако не се вратиме на работа и не се обврземе да играме во четврток против САД, дека не само што ќе се обидат да не примораат со тужба, туку дека ќе бараат милиони долари во оштета од асоцијацијата на играчи и од секоја фудбалерка индивидуално“, се вели во објавата на асоцијацијата на фудбалерки.
An update from the Canadian Soccer Players Association pic.twitter.com/hysGyanG5q
— CanadianSoccerPlayers (@PlayersCanadian) February 12, 2023