Утрински Весник
Магазин

Камшикот се враќа: Харисон Форд во Кан за премиерата на „Индијана Џонс“

Камшикот се враќа: Харисон Форд во Кан за премиерата на „Индијана Џонс“

Харисон Форд беше во Кан за долгоочекуваната премиера на „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ во четвртокот, 15 години откако холивудската легенда последен пат го зеде култниот камшик и шешир на авантуристот археолог од големото платно.

dobivaj vesti na viber

Новиот филм, во кој глумат и данскиот актер Мадс Микелсен и Фиби Волер Бриџ од британската ТВ-драма „Флибег“, е петти во серијалот и прв кој не го режирал Стивен Спилберг.

Режисер овој пат е Џејмс Манголд од „Форд против Ферари“.

Познати личности и фанови масовно излегоа на булеварот Croisette за филмот. Меѓу оние кои прошетаа по црвениот тепих за да ја искористат шансата први да го гледаат филмот беа британскиот режисер Стив Меквин, актерот Чарли Хитон и Раони Метуктире, поглавар на бразилско домородно племе и екологист.

Видно трогнат Харисон (80), во пресрет на премиерата, доби почесна награда за својата филмска кариера.

„Велат дека пред да умреш, гледаш како животот блеснува пред твоите очи, а јас штотуку видов како мојот живот ми заблеска пред очите, голем дел од мојот живот,“ ѝ рече Форд на публиката, каде беше и извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер.

Филмот наиде на овации од околу пет минути. Првите критики беа генерално позитивни, а списанието „Тотал филм“ оцени дека во филмот провејува носталгично, старинско чувство.

Во петтиот и последен дел, сместен во 1969 година, Индијана тргнува да најде бројчаник што може да го менува времето. Тој е придружуван од неговата кума, која ја глуми Фиби, и мора да се соочи со Мадс, поранешен нацист вработен во НАСА.

Харисон првпат го глумеше ликот – археолог авантурист со шешир и камшик и страв од змии – во 1981 година. Минатиот месец тој изјави за Total Film дека ова ќе му биде последен пат во улогата на Инди.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста