Утрински Весник
Свет

Кампот во Рафа бил гаѓан со слаба муниција, пожарот бил предизвикан од секундарна ескплозија

Screenshot 2024 05 28 192015.png

Прелиминарната истрага за нападот врз кампот со раселени Палестинци во Рафа покажа дека пожарот што избувнал бил предизвикан од „секундарна експлозија“, изјави анонимен израелски воен претставник.

Тој изјави дека армијата истрелала две парчиња муниција од 17 килограми, што биле  насочени кон двајца високи функционери на Хамас.

Муницијата беше премала за да предизвика пожар сама по себе, па се испитува можноста во тој простор да имало складирано оружје, додаде израелскиот претставник.

Министерството за здравство на Хамас вчера соопшти дека во нападот врз кампот за раселени во Рафа загинаа 45 лица, а 249 се ранети.

Во кампот беа сместени бегалци од други делови на Газа кои избегаа од израелската офанзива.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70