Утрински Весник
Македонија

Кампања за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава

20240222195917 big 730x400 37.webp.webp

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, по повод Денот на ретки болести, денеска на прес-конференција ќе ја лансира Кампањата за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава.

Од Здружението информираат дека во рамки на кампањата, почнуваат соработка со Здружението на лекари по општа семејна медицина, со цел заеднички да го подобрат пристапот до дијагноза.

-Раниот пристап до дијагноза, информација и терапија се клучни за подобрување на квалитет на живот на пациентите и семејствата со ретки болести, посочуваат од Здружението „Живот со предизвици“.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија