Утрински Весник
Спорт

Камерунецот Емболо му пресуди на Камерун

Камерунецот Емболо му пресуди на Камерун

Швајцарија со минимална победа над Камерун (1:0) го започна својот настап на 22. Светско првенство. Напаѓачот Емболо, кој е роден во Камерун го постигна единствениот гол.

dobivaj vesti na viber

Натпревар без многу темпо и квалитет одиграа Швајцарија и Камерун. Ритамот на мечот повеќе им одговараше на Швајцарците, кои во првото полувреме успеаја да се одбранат.

На стартот на вториот дел, во 48.минута, Шачири, успеа да мине по десната страна, во срцето на шеснаесетникот Емболо беше осамен и само ја спроведе топката во голот.

Камерунците до крајот на мечот не створија ниту една шанса за гол, додека Швајцарците имаа две, преку Варгас и Сеферовиќ, во двете ситуации Онана успеа да одбрани.

Во наредното коло, во понеделник, Камерун ќе игра против Србија, а Швајцарија ќе му се спротивстави на Бразил.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина