Утрински Весник
Свет

Камерон: Украина има право да го користи нашето оружје во Русија

De vid kameron 1.jpg

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишно воена помош за Украина „се додека биде потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година колку што ќе биде потребно. Штотуку навистина исцрпивме се што можеме во смисла на давање опрема“, изјави Камерон за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош досега бил најголем од Обединетото Кралство.

„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денеска, додека јас сум тука“, рече Камерон. 

Можете да прочитате

Песков: Русија продолжува да ја шири безбедносната зона, Киев ја продолжува ескалацијата

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините