Утрински Весник
Магазин

Камерон навести крај на сагата „Аватар“ доколку продолжението не е успешно

Камерон навести крај на сагата „Аватар“ доколку продолжението не е успешно

„Аватар: Патот на водата“ на режисерот Џејмс Камерон, долго очекуваното продолжение на „Аватарот“ од 2009 година, треба да се излезе следниот месец, но Камерон признава дека не е сигурен дали и колку луѓе ќе ги заинтересира филмот сега.

dobivaj vesti na viber

„Пазарот може да ни каже дека завршуваме за три месеци, или можеби ќе бидеме полузавршени, што значи: добро, ајде да ја завршиме приказната во рамките на филмот три и да не продолжуваме бескрајно, ако не е профитабилно,“ рече тој во интервју за магазинот „Тотал филм“.

„Сега сме во поинаков свет отколку што бевме кога ги пишував овие работи.“

„Имаме удар еден и два – пандемија и стриминг. Или, обратно, можеби ќе ги потсетиме луѓето што е всушност одење во кино. Овој филм дефинитивно го прави тоа. Прашањето е: „Колку им е гајле на луѓето сега? ”

„Има неколку работи што ги извадив од The Way оf Water и кои сакам да ги префрлам во третиот филм, се надевам.“

Камерон потенцира дека снимањето на серијалот било ужасно скапо – со очекуван буџет од околу 1 милијарда долари за четирите продолженија – но тој се надева  дека претстојниот филм „ќе донесе три часа прилично лудо искуство“.

Можете да прочитате

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци