Утрински Весник
Македонија

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Enver Bedzeti.jpg

Судскиот совет на РМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка.

– Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски.
Во врска со ослободувањето од притвор на Асмир Јахоски, случај за кој изминативе денови многу се коментираше, Камбовски посочи дека за таа судска одлука бил запознат од медиумите.


– Тоа е судска одлука, а од она што го следев од медиумите, таму согласноста ја дало Основното јавно обвинителство. Судскиот совет нема ингеренција да се меша во секоја судска одлука, бидејќи дневно се носат илјадиници судски одлуки, рече првиот човек на Судскиот совет во одговорот на новинарско прашање по паузата на денешната седница на Судски совет на РСМ.

Можете да прочитате

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени