Утрински Весник
Свет

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања

20240821072522 Big 730x400 91.webp.webp
Dik 300x250 mk

 Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка.

Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари.

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, собра околу 138 милиони долари во јули, со што до почетокот на август имаше вкупно околу 327 милиони долари. За време на кампањата за изборите во 2020 година, претседателот на САД, Џо Бајден, собра нешто повеќе од милијарда долари.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот